-->
-->
Кривична пријава против наставник од Тетово за малтретирање ученик
-->
СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Н.С. (44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Како што соопшти МВР, пријавениот, вработен како наставник во Основното училиште „Пашко Васа“ во с.Копачиндол, на 26 јануари, годинава, за време на наставата, физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето.
- За време на часот ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но од страна на наставникот не бил пуштен. По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата, нанесувајќи му телесни повреди, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта