Кривична пријава против кичевчанец за напад врз службено лице

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против жител на градот поради постоење основано сомнение за сторено кирвично дело „напад врз службено лице при вршење работи за безбедноста“.
Кривична е поднесена против против Ќ.Х.(47) год од Кичево. Од страна на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар на Ќ.Х. му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена, по што е спроведен во истражен затвор Тетово.
Пријавениот дело го сторил на 15 септември оваа година во 06:00 часот при претрес во неговиот дом на улицата „Душан Јовески“ во Кичево.
Тој во момент на извршување на службените дејствија физички нападнал полициски службеник, инспектор во криминалистичката полиција при што му нанел тешка телесна повреда - фрактура на десната рака.
Повредата со извештај на специјалист била констатирана во ЈЗУ „Општа болница“ Кичево, изјави Стефан Димоски од СВР -Охрид.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
