Кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште
Против градоначалникот на Струга Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години, спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
-На 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик, информира МВР во дневниот билтен.
И покрај тоа што таа не ги исполнувала условите за функцијата, пријавениот, наведува МВР, „и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето“
Ново на Сител
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти
-
Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година