Кривична пријава против едно лице за фалсификување исправа

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Р. поради постоње на основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
-Пријавената А. Р. во текот на 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, иако била свесна дека истата не е сопственик на недвижен имот – градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 344 м2 и градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 982 м2, а кој имот е во сопственост на Република Македонија, во Агенција за катастар на недвижности во два наврати употребила две фалсификувани јавни исправи како правен основ врз основа на што побарала запишување на правото на сопственост, кој имот потоа бил запишан на име на пријавената А.Р., соопшти Управа за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
