Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
М.А. - вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без нитуи еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од РСМ.
Додека пак, второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30.08.2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
