Македонија
15. December 2024 - 13:23

Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против дебранец за поседување марихуана.

- Кривична пријава е поднесена против Ф.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ , информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Додава дека при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

Под истите сомненија деновиве кривична пријава беше поднесена против А.Ц.(19) од Дебар. При преглед во возило „пежо“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.