Кривична пријава и притвор за скопјанец осомничен за шест тешки кражби

СВР Скопје - Отсекот за дрски и разбојнички кражби поднесе кривична пријава против З.Г.(30) од Скопје осомничен дека сторил шест кривични дела тешка кражба на особено дрзок начин.
Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист на подрачије на град Скопје во периодот од април до јули 2015 година, соопшти денеска МВР, сторил шест тешки кражби на дрзок начин со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 152.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
З.Г. делата ги извршувал најчесто врз женски лица на возраст од 40 до 64 години при што на особено дрзок начин користејќи го невниманието со употреба на физичка сила од оштетените одземал златен накит. Во пет од случаите пријавениот на автобуска постројка во централното гратско подрачје од позади грб им се доближил на оштетените и насилно со кинење од вратот успеал на оштетените да им земе златни ланци.
Во еден случај пријавениот во кругот на Зелено пазарче-Скопје додека оштетената пазарела и се движела помеѓу тезгите и се доближил од предна страна и ненајдено насилно повторно ја грабнал за златниот ланец кој го носела на вратот, успеал да го скине и одземе и со трчање се одалечил.
По преземени интензивни мерки и активности пријавениот е приведен во полициска станица каде од страна на оштетените во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање на пријавениот при што истите со потполна сигурност го посочија З.Г. како сторител на кривичните дела извршени врз нив.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
