Кривична и притвор за тројца гостиварци за трговија со дрога
Против Т.А (45), А.З (42) и А.И (39), сите од Гостивар, е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со дрога, а одредена им е и мерка притвор од 30 дена.
Во завчерашната акција спроведена со Царинската управа, полицијата ги приведе гостиварците откако откри и заплени три килограми марихуана.
Според досегашните сознанија, Т.А и А.З, по претходен договор, во втората половина од минатиот месец за неутврдена сума од Косово набавиле неодредена количина марихуана за да организираат транспорт на релација Гостивар - Македонија - Истанбул и натамошна препродажба. Откако Т.А ја набавил марихуаната, ја препакувал во картонски кутии од чај, по што го ангажирал З.А да пронајде лице кое ќе го изврши транспортот за паричен надомест од 1.500 евра. За таа цел З.А. ја ангажирал А.И да го изврши транспорт на марихуана со автобус.
Постапувајќи по дадените инструкции, А.И резервирала билети и на 31. минатиот месец заминала со автобус кон Истанбул, Турција. Истиот ден, околу 19:30 часот, на излез од Македонија на граничниот премин „Богородица“ при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на И.А од страна на мобилен тим од Царинската управа, во автобусот биле пронајдени две најлонски ќеси со четири картонски кутии црн чај исполнети со по едно најлонско пакување со зелена растителна материја, за кои A.И се изјаснила дека се нејзини.
Картонските кутии од чај од страна на царинските службеници биле одземени и предадени на полициски службеници, по што се доставени за крим-техничко вештачење во МВР на РМ. Од извршеното вештачење е утврдено дека се работи за три килограми марихуана.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра