Кривична и притвор за скопјанец за продажба на дрога
Кривична пријава и притвор заработи дваесетгодишен скопјанец за продажба на марихуана. При претрес во неговиот дом во Визбегово, полицијата пронашла 1,9 килограми наркотична дрога.
Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 23 април 2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. при што биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја.
Според МВР, пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а Б.Р. е задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот