Кривичен суд: Поротникот останува на функција додека не го разреши Судски совет
Основниот суд Скопје 1 преку писмено соопштение апелира до надлежните институции (Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството) да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.
Општо познато е дека обврска на судијата - поротник е да ја извршува својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот Совет на РСМ што е во согласност со Законот за судовите, велат од Кривичниот суд.
„Ќе инсистираме на судење во разумен рок, што е законска обврска, но и интерес на обвинетите кои тежнеат да ја докажат својата невиност, како и на оштетените кои ги бараат своите права. Судењето во разумен рок е во интерес и на правната држава и владеењето на правото. Во правец на погоренаведеното е и Барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново“, се вели во известувањето од судот.
Една и единствена цел на ова обраќање од Кривичниот суд е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите. Судот цени дека оваа пракса мора да престане и да се прекине, а цени дека на тој начин ќе се допринесе во реформирањето на судскиот систем, се вели во известувањето од Основен суд Скопје 1.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро