Македонија
23. October 2018 - 14:09

Кривичен суд: Не е постапувано по барањето за враќање на пасошот на С.М.

Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1  информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат за МИА од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.