Кривичен суд ги применува мерките за заштита од корона вирусот-судењата продолжуваат

Кривичниот суд во Скопје најави строги санкции за злоупотреба на препораките за заштита на корона вирусот, со цел да ги одолговлекуваат судењата.
Сите закажани судења за кои постојат услови да бидат одржани, засега нема да се одложуваат, велат од судот, се додека тоа не го препорачаат Министерството за правда и Судскиот совет.
За оние странки кои биле во ризични подрачја, судот бара електронски да го известат судот, со соодветна документација.
Со цел доследно почитување на препораките, судот апелира и до сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки или имаат било каква достава или барање до судот, како и сите обвинители, вештаци, сведоци, полициски службеници, претставници на невладините организации и медиумите, совесно да се однесуваат и да се водат по препораките на Владата.
Судот уверува дека судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите и тоалетите секојдневно се чистат и дезинфициираат од службите за одржување.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
