Крива Паланка платила 25.000 евра за настапот на Северина, Розга добила 42.000 евра за настапи во Берово и Штип

Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.
Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 илјади евра. Сепак, според истражувањето, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапа, во Берово и во Штип.
- Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра. Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес. Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки. Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци, велат од Центарот за граѓански комуникации.
Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година. Притоа, додаваат од ЦГК, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци.
Истражувањето е направено според податоците добиени од општините врз основа на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Ново на Сител
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
