Кристијан Симоноски најдобар лев бек на „фајнл фор“ завршницата

Покрај трофејот за третото место на финалниот турнир во младинска категорија, КЛ7 Струга, односно нашиот Кристијан Симоноски го понесе и признанието најдобар лев бек на финалната завршница во младинска конкуренција.
Симоноски во полуфиналето против екипата на РК Охрид постигна седум погодоци додека во „малото финале“ против екипата на РК Струга, прикажа повторно фантастична игра и постигна десет погодоци со што заслужено го однесен приматот најдобар лев бек.
За најдобар стрелец е прогласен Костов од Охрид со 18 погодоци, еден повеќе од нашиот Симоноски, а три повеќе од Џигероски.
За најдобар ракометар беше прогласен Стефан Додиќ од Металург, а за најдобар голман Мартин Божиновски и двајцата од Металург. Во најдобриот состав уште имаше место за Кондев(лево крило), Симоноски (лев бек), Ивановски (среден бек), Серафимов(десен бек), Костески (десно крило) и Димитриески (пивот)
Ново на Сител
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
-

Хегсет побара од началникот на Генералштабот на американската армија да поднесе оставка
-

Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
