Кристерсон: Украина е најважен приоритет и егзистенцијално прашање за ЕУ

Победата на Украина, која беше нападната од Русија, е егзистенцијално прашање за Европа и за ЕУ нема поголем приоритет од тоа, изјави денеска Улф Кристерсон, премиер на Шведска, која го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јануари.
– Украинската победа има егзистенцијално значење за Европа, нема поголем приоритет од Украина. Судбината на Украина е и судбина на Европа, рече Кристесон на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Шведската Влада вчера и денеска беше домаќин на членовите на ЕК во Кируна, најсеверниот град во Шведска, а на средбата се разговараше за приоритетите за следните шест месеци.
Претседателот на ЕК нагласи дека ЕУ треба да го зголеми притисокот врз Русија и да продолжи да и помага на Украина.
– Ја поддржуваме Украина од првиот ден на инвазијата и ќе продолжиме да ја поддржуваме непоколебливо. Ние, исто така, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија, рече Фон дер Лајен.
Таа додаде дека Европската унија е премногу зависна од руските фосилни горива. Русија го намали снабдувањето со гас за ЕУ за 80 отсто, но Унијата успеа да го надомести тоа од други извори.
– Сега цените на бензинот се пониски отколку пред руската агресија, не останавме без струја, складиштата за гас се полни, двојно го зголемивме производството на енергија од обновливи извори, рече Фон дер Лајен.
Таа најави дека ЕК напролет ќе објави предлог за реформа на пазарот на електрична енергија и дека ќе изработи механизам за заедничка набавка на гас.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
