Кристал Палас и официјално се засили со германски репрезентативец

Кристал Палас го привлече германскиот репрезентативец Макс Мејер од Шалке 04 со договор за три години.
Дваесет и две-годишниот Мејер доаѓа како слободен агент и станува трет додаток на „орлите“ од „Селхерст парк“ по Висенте Гуаита и Шеику Кујате, кој се пресели од Вест Хем.
- Минатата година играв на „Селхерст Парк“ со тимот на Шалке и можам да кажам дека атмосферата е совршена, типична атмосфера за Премиер Лигата, која е цел на секој фудбалер, рече Мејер.
Играчот од средниот ред има четири натпревари за националниот тим на Германија. Тој е дете на „кралскосините“ од Гелзенкирхен и има 22 гола во 192 натпревари, вклучувајќи три кампањи во Лигата на шампионите. Тој имаше голема заслуга за освоеното второ место минатата година.
Во репрезентацијата, тој го имаше своето деби во 2014 година, а во 2016 година го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Една година подоцна, 21-годишните на земјата ја освоија европската титула за младинци.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
