Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.
Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.

-Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик, наведуваат од Царинската управа.
По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
