Kремљ смета дека убиството на Татарски е тероризам, Пригожин вели дека извршителите не се поврзани со Киев
Кремљ денеска соопшти дека убиството на истакнатиот воен блогер Владлен Татарски во Санкт Петербург е „терористички акт“. Претседателството се повика на рускиот национален антитерористички комитет, според кој постојат докази кои ја поврзуваат Украина со бомбашкиот напад.
– Тоа е терористички акт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека „активната фаза на истрагата веќе е во тек“.
– Гледаме доста енергични акции за приведување на осомничените. Да бидеме трпеливи и да ги чекаме следните пораки од нашите специјални служби кои работат на ова прашање, рече Песков.
Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведена Дарија Трепова, за која властите претходно соопштија дека е осомничена за нападот.
Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин претходно изјави дека според него зад убиството на Татарски во Санкт Петербург стои група радикали, а не Киев.
– Не би го обвинувал режимот во Киев за овие дејствија. Мислам дека дејствува радикална група која речиси и да нема никаква врска со владата во Киев, додаде тој.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците