Кремљ: Се уште чекаме разумно објаснување од Анкара
Русија и натаму чека разумно објаснување од официјална Анкара за соборувањето на рускиот воен авион над турско-сириската граница, пред два дена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- И натаму чекаме на реалистично објаснување од турска страна, рече Песков на прес-конференција во Москва, пренесено од британските медиуми.
„Јасно е дека поправањето на огромната штета врз билатералните односи меѓу Русија и Турција ќе претставува екстремно тешка задача“, додаде тој.
Турција пред два дена собори руски воен авион на границата со Сирија затоа што, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на земјата, иако повеќе пати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакна дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.
Руското Министерство за земјоделие утринава ја засили контролата врз увозот на храна и земјоделски производи од Турција, но и покрај тоа, Русија не разгледува како опција воведување санкции или ембарго на увозот на турска храна, истакна Песков.
-Не воведуваме ембарго. Овие ограничувања денеска се воведени заради зајакнатата опасност од различни манифестации на екстремизам. Секако дека се воведени дополнителни мерки за контрола. Тоа е разбирливо, посебно имајќи ги во предвид непредвидливите постапки на Република Турција, наведе Песков
Според портпаролот на Кремљ, Руско-турскиот самит, што беше закажан за 15 декември во Санкт Петербург, се уште не е официјално откажан.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност