-->
-->
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-->
Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата вчерашна посета на Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Путин и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, иако точниот датум се уште не е договорен.
-Точното време за разговорот меѓу двајцата претседатели се уште не е одредено, изјави Песков за новинарите.
„Но, во исто време, откако господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, рече тој.
Песков додаде дека двете страни имаат „разбирање“ и оти „неопходен е разговор меѓу претседателите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки