Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
Кремљ го обвини НАТО дека го „провоцира“ Киев да го продолжи конфликтот во Украина, чии претставници апелираа за дозвола од сојузниците да ја гаѓаат Русија со оружје испорачано од Запад, јавуваат француските медиуми.
Коментарите доаѓаат во мопмент кога шефовите на дипломатиите на НАТО се наоѓаат на дводневен состанок во Прага наспроти зголемените повици до водечките сојузници да ги укинат ограничувањата што го спречуваат Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели во Русија.
-Земјите-членки на НАТО, САД и главните градови во Европа во последните денови и недели влегуваат во нова рунда на ескалации на тензиите и тоа го прават намерно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тие ја провоцираат Украина на секој можен начин да ја продолжи оваа бесмислена војна“, изјави портпаролот на Кремљ.
Украина ги притиска своите поддржувачи – главно САД – да и дозволат да го користи оружјето со голем дострел со кое ја снабдуваат за да гаѓа цели во Русија.
САД, Германија и Италија досега одбиваа да му дозволат на Киев да нападне преку границата, стравувајќи дека тоа би можело да ги одвлече поблиску до директен конфликт со Москва.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците