Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет

Официјален Кремљ соопшти денеска дека одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет е важен чекор кон враќање на правото на руските спортисти да учествуваат на меѓународните натпреварувања.
МОК во вторникот привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше на сила од 2023 година, поради признавањето на регионалните олимписки совети во руските окупирани делови од Украина, во Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје.
Суспензијата сега е укината, а МОК сè уште не одлучил дали руските спортисти ќе можат да настап со своите национални обележја и дали руската химна ќе се интонира на олимписките Игри за две години.
„Сметавме дека е навистина важно спортистите да имаат можност да се натпреваруваат на Игрите. Оваа одлука го поддржува тоа. Сакаме сите спортисти да имаат можност да дојдат на Игрите“, изјави претседателката на МОК, Кирсти Ковентри.
Руските спортисти се натпреваруваа како неутрални натпреварувачи на Олимписките игри во Париз во 2024 година и на Зимските олимписки игри Милано-Кортина д’Ампецо во 2026 година, без можност да се натпреваруваат во екипните дисциплини.
МИА
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
