Кремљ бара жена за против кандидат на Путин за изборите
Кремљ бара достоен противник на Владимир Путин за претстојните претседателски избори во Русија. Администрацијата размислува да избере жена за „спаринг партнер“ на главниот претендент, пишува весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.
Според нив, се рагледуваат пет до седум кандидатки, а се шпекулира со имињата на Наталија Великаја од Социјалдемократскиот сојуз на жените, потоа лидерката на Националниот родителски комитет Ирина Волинец и Ирина Петелјаева, сите од партијата „Праведна Русија“.
Според друг извор се наведува дека непартиска личност е идеален кандидат, а се споменува популарната радио и телевизиска водителка Ксенија Собчак, која „демонстрира одраз на модерна млада жена со желба да се впушти во политика“.
- Евентуалното учество на жена кандидат ќе го привлече вниманието кон изборите и ќе значи дека кампањата нема да има женомразечки тон, изјави социологот Андреј Колјадин.
Претседателските избори во Русија треба да се одржат во март 2018 година.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан