-->
-->
Кражба во куќа во Аеродром
-->

Непознат сторител за време на новогодишните празници извршил кражба во куќа сопственост на И.Б. (55) во Скопје на ул. „Ѓорге Андреевич-Кун“при што се стекнал со пари и предмети вредни 450.000 денари.
Кражбата ја пријавил сопственикот на куќата вчера во 18 и 40 минути во ПС „Аеродром“.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пет рачни часовници, два лап топ компјутери, три таблети, два мобилни телефони и еден коверт во кој имало околу 3.000 евра, а потоа го напуштил местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
