Свет
5. July 2017 - 8:56

Кражба на оружје во Португалија е дело на меѓународни терористи и шверцери

Португалските власти се сомневаат дека минатонеделната кражба на оружје од воен магацин е дело на меѓународни терористи и шверцери на оружје, соопшти португалското Главно обвинителство.

При кражбата земени се рачни бомби, деветмилиметарски куршуми, а можно е и друго оружје.

Кражбата беше извршена минатата среда во военовоздухопловната база „Танкуш“. Досега поопртугалската армија не објави список на украденото оружје.

Португалскиот министер за одбрана Жозе Алберту Азереду изјави дека кражбата е извршена на „многу професионален начин“.