Краткиот филм „Последните камбани“ учествува на повеќе фестивали
Краткиот филм „Последните камбани“ овој месец ќе биде прикажан на Скопје филм фестивал и на Фестивалот на нем филм во Медисон, Висконсин, САД.
Премиерно филмот беше прикажан на фестивалот во Монтреал каде освои прва награда за најдобар краток филм, а неодамна учествуваше и во официјалната меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал во Силхет, Бангладеш.
„Последните камбани“ ќе биде дел и од официјалната конкуренција на Фестивалот на краток филм „Фастнет“ во Шул, Ирска, кој ќе се одржува од 23-ти до 27 мај, а за идниот месец е потврдено и учество на Меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петербург.
- Многу се радувам на овој фестивалски живот на „Последните камбани“ и сметам дека е еден од вистинските начини за промоција на македонскиот филм низ светот, изјави продуцентот Гоце Кралевски.
Филмот е во продукција на ДНФ филмс. Режисер и сценарист е Николче Поповски, а главната улога ја игра Мето Јовановски. Директор на фотографија е Фејми Даут. Поддржан е од Агенција за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците