Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија

Норвешкиот крал Харалд е примен во болница на шпанскиот остров Тенерифе поради инфекција и дехидратација, соопшти норвешката кралска палата.
Кралската палата информираше дека кралот, кој е на приватен одмор во Шпанија заедно со неговата сопруга, кралицата Соња, е во добра состојба.
Личниот лекар на кралот ќе отпатува за Тенерифе за да им помага на локалните здравствени служби, додаде институцијата.
Харалд (82) е најстариот монарх во Европа и е церемонијален шеф на државата на Норвешка од 1991 година.
- Му посакувам на нашиот крал брзо закрепнување – изјави премиерот Јонас Гар Стере за норвешката јавна телевизија НРК.
Харалд претходно беше хоспитализиран во 2024 година поради инфекција за време на одмор во Малезија, каде што во локална болница му беше вграден привремен пејсмејкер. Подоцна тој беше префрлен во Норвешка, каде што му беше имплантиран траен уред.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
