Кралицата им нареди на Меган и Хари итно да се вратат во Британија

Кралицата Елизабета ги повикала Меган Маркл и принцот Хари да се вратат во Велика Британија на почетокот на март по повод Деновите на Комонвелтот.
На деветти март одбегнатиот пар би требало да се врати и да ја увеличи прославата како британската јавност не би ги осудила, ако не се појават.
За Елизабета ова е многу важен датум, па сите се убедени дека Меган и Хари мораат да ги спакуваат тобрите и да дојдат од Канада во татковината на Хари, бидејќи немаат можност тоа да го одбијат.
Тој ден сите важни членови на кралското семејство се собираат на прослава, а главниот збор ќе го има токму поглаварката на англиската црква, кралицата Елизабета.
Тоа значи дека на почетокот на март јавноста би можела да ги види Меган и Хари, кои пред два месеца шокираа со својата одлука за напушатње на кралството.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
