Кралицата Елизабета одговара на божикни честитки
Британската кралица Елизабета, наводно, кога слушнала дека починал Британецот кој цели 60 години редовно и испраќал божикни честитки, на неговиот внук испратила лично писмо, јави Хина.
Андрју Симс, кој живее во Турција, тврди дека неговиот дедо уште од крунисувањето на кралицата во 1952 година на Елизабета прва секоја година и испраќал божикна честитка. Објавувајќи на својот профил на Фејсбук фотографии од голем број честитки адресирани на Бакингамската палата, Симс напиша дека и по смртта на дедото во 2012 година во спомен на него на кралицата продолжил да и испраќа честитки.
Еден месец откако ја презел улогата на неговиот дедо, Симс се пофали дека го добил првото кратко писмо од Бакингамската палата во кое се вели:
- Кога овој Божик ја добив честитката од Симс со друго име, вработените ги замолив да дознаат каде живеел вашиот дедо. Со длабоко жалење дознав дека починал. Искрено сочувствувам со Вас и Вашето семејство.
Симс вели дека пораката од кралицата длабоко го допрела, а неговиот статус на Фејсбук оттогаш е споделен повеќе од 21.000 пати. Таму се обајснува дека неговиот дедо и кралицата се запознале уште во 1972 година на еден прием во Турција кога кралицата му рекла:
- Значи, вие редовно ми ги испраќате оние убави божикни честитки. Портпаролот на Бакингамската палата рече дека кралското семејство не коментира приватна кореспонденција.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари