-->
-->
Кожув го доби дербито против Работнички
-->

Екипата на Кожув го доби дербито против Работнички во рамките од 11.коло на Првата макдонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна во Гевгелија, кошаркарите на Кожув забележаа убедлив триумф над Работнички со 77-56.
До шестиот триумф сезонава во домашниот шампионат гевгелиската екипа ја предводеа Американците, Кенион Мек Нил со 22 и Лари Хал со 21 постигнат поен. Кај Работнички за кој ова беше втор пораз сезонава најефикасен беше капитенот Ѓорѓи Чековски кој постигна 14 поени, а имаше и 9 скокови.
Поразот на Работнички го искористи Фени Индустри кој со победата над Вардар 77-63, ја предезе лидерската позиција на табелата.
На другите две средби каде победни забележаа гостинските екипи, Куманово го совлада Пелистер со 81-64, а Струмица беше подобра од АВ Охрид со 64-60.
Табела: Фени Индустри 21 бодови, Работнички 20, Куманово 17, Кожув 16, Пелистер 15, АВ Охрид 14, Струмица 13, Вардар 11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
-

Преглед на вестите од светот
