Ковид-19 ќе се лекува со крвна плазма од оние кои се излечиле од вирусот
Лекарите во Велика Британија ќе користат крв од опоравените од коронавирус за лекување на заразените лица. Тие ги повикуваат луѓето што оздравеле од Ковид-19 да донираат крв која би се користела во експериментална терапија.
Се надеваат дека антителата од опоравените ќе помогнат да се елиминира вирусот кај болните. Во САД, веќе започнаа да го проучуваат овој метод во повеќе од 1.500 болници низ целата земја.
Кога некое лице има Ковид-19, неговиот имунолошки систем реагира со производство на антитела кои го напаѓаат вирусот и со тоа се брани од инфекцијата. Со текот на времето, антителата се акумулираат и може да се најдат во плазмата.
Обиди за примена на ваков метод се прават и во Србија, а истиот подетално го опиша Весна Мијучиќ, раководител на Институтот за трансфузија на крв.
„На Институтот, каде едно лице веќе донираше крвна плазма, има уште излечени пациенти кои се подготвени да го сторат истото, за да им помогнат на лицата заболени од вирусот“, истакна Мијучиќ.
„Лицето кое е заразено создава антитела за да се заштити од инфекцијата. Кога ќе се опорави, овие антитела, што му помогнале да се излечи, се земаат со помош на сепаратор на крвните клетки и таквата плазма им се дава на заразените за да помогне во процесот на нивно заздравување“, додава таа.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста