Ковачки: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува
Владата на Ковачевски тајно преговара со Бугарија и администрацијата на Кирил Петков. Процесот е целосно нетранспарентен, и за исходот од преговарањето не е информирана ниту опозицијата, ниту Собранието.
Политичките чинители, пратениците, стручната јавност и граѓаните на Република Македонија за текот на преговорите се информираат од изјавите на бугарските политичари во медиумите, а не од Ковачевски или Османи, кои се должни да реферираат и во Собранието и пред граѓаните.
Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера даде изјава, во која вели дека е постигнат огромен успех во работата на историската комисија, односно дека тој знае за напредокот и исходот од процесот, но не прецизира што конкретно е тој огромен успех.
Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?
Дали радоста во Бугарија е исполнување на сите бугарски барања и бришење на историјата, јазикот и идентитетот?
Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи?
Наместо да се крие и да бега од јавноста, веднаш да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет и јазик и од Бугарија и од ЕУ.
Доколку тој одбие тоа да го направи, отвора сериозен сомнеж дека се водат преговори кои се на штета на македонските национални интереси.
Дополнително, го повикуваме Бујар Османи да дојде во Собранието и да ги информира пратениците за текот на преговорите, како и за тоа кои се следните чекори.
Владата не смее да излезе надвор од црвените линии.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
