Ковачевски за исечената слика на Петков: Сакам да верувам дека е ненамерен пропуст
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите по увидот на активностите на терен за изградба на делницата Крупише-Кочани од експресниот пат Кочани-Штип на новинарско прашање како го коментира потегот на бугарскиот премиер Кирил Петков со вчерашната објава на фотографијата од Минхенската безбедноста конференција каде го нема делот од Ковачевски, премиерот упати на изјавата од прес-службата на бугарската Влада дека се работи за ненамерен пропуст, истакнувајќи оти верува во продолжување на успешната комуникација и во иднина.
-Јас и премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедноста конференција и сакам да верувам дека одговорот којшто е даден од прес-службата на бугарската Влада е тој кој што е вистинскиот и оти ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница