Ковачевски: Во мојот анкетен лист е пријавен уделот на мојата сопруга во изградба на фотоволтаична централа
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија уште пред да дојде на сегашната функција било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа е инвестиција на неговата сопруга, за што вложила нејзини сопствени средства.
– Прво, тоа што беше објавено на еден портал, потоа беше преземено и од други портали, беше јавно достапен податок и може да се види од мојот анкетен лист каде што е пријавен уделот на мојата сопруга. Тоа не е сега, тоа е уште пред да стапам на функција како претседател на Владата. Согласно Закон за трговски друштва и согласно законските регулативи во државата секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства и сето тоа е пријавено во сите надлежни институции, во Антикорупциска, со сите податоци и тие се јавно достапни, рече Ковачевски.
Тоа, додаде тој, е нејзина инвестиција којашто ја има направено со свои сопствени средства.
– Без моја помош, зошто би имала моја помош да инвестира средства, рече Ковачевски прашан дали таа тоа го направила без негова помош.
Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата одговарајќи на прашање во врска со корупцијата и соработката со САД, рече дека земјата има функционални институции и дека треба да се работи на сузбивање на корупцијата, како и дека во изминативе 30 години ние за тоа сме имале меѓународна помош. Ова, според него, е дел од една стратешка соработка што Северна Македонија ја има со САД.
– Ние на ова гледаме како на продолжување на партнерскиот однос којшто го имаме со САД со цел градење на држава која ќе стане земја членка на ЕУ, а со самото зачленување во ЕУ владеењето на правото и борбата против корупцијата се издигаат на највисоко ниво, рече Ковачевски.
Премиерот посочи дека во моментов во ЕП се води огромна антикорупциска истрага, каде што на дело се потврдува корупција и борба против во центарот на ЕУ.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
