Македонија
30. May 2022 - 15:47

Ковачевски: Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово

 Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, напиша попладнево премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Додава дека остануваат во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот.

– Се придружувам на неговиот апел и ги повикувам сите граѓани на Тетово и на околните места да се придржуваат до препораките за лична заштита, пишува Ковачевски.