Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел
Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која утре во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција.
Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.
Во рамките на историската посета на Брисел, за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.
Како дел од официјалната владина делегација, во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом