Ковачевски: СДСМ ќе излезе со свој став во однос на тајмингот и моделот за изборите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека СДСМ ќе излезе со свој став во однос на тајмингот и моделот за изборите.
-Во однос на изборите, на тајмингот и во однос на моделот дали одвоени или заеднички тоа ќе биде одлучено на заедничка средба меѓу сите политички партии што учествуваат во овој изборен циклус. Различни партии имаат различно гледање во однос на законските обврски во однос на трошоците кои произлегуваат, но сметам дека пред нас имаме доволно време за да договориме се како што е потребно за да Македонија го продолжи својот пат кон градење на исклучително ниво на демократско општество, рече Ковачевски.
Истакна дека СДСМ како водечка партија во Коалицијата, ќе излезе и со свој став и тој ќе биде хармонизиран со сите и, како што рече, ќе можеме да одиме на избори во 2024 година.
На новинарско прашање да даде коментар за тоа дека Артан Груби вчера на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ бил поздравен како премиер, Ковачевски рече дека во моментов Македонија ја води премиер Македонец и оти тоа е дел од предизборниот наратив.
-Веќе влегуваме во еден период на предизборие, така што во наредниот период од осум месеци ќе се изнаслушаме кој се е главен, меѓутоа клучно е како можеме да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме буџет, да го поднесеме на Влада, и да го одобрат министрите и притоа да се заврши равојната компонента и со тоа ја праќаме пораката дека силата е во заедништвото, и им благодарам и на Филип и на Фатмир, рече Ковачевски.
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, вчера, како што пренесоа дел од медиумите, го поздравил како „премиер Албанец“ првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ, Артан Груби.
Ново на Сител
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Работниците во фабриките на Форд во германскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат
-
Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
-
Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар