Ковачевски: САД се наш стратешки партнер чија поддршка е исклучително ценета
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до САД по повод Денот на независноста во која посочува дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на земјава.
- Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме. Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО, вели премиерот Ковачевски.
Во честитката посочува дека придонесот на САД е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борбата со корупцијата и криминалот, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Ново на Сител
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар