Македонија
5. October 2023 - 14:15

Ковачевски: Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, правиме се што може за да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа

Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. 

Свесни сме, посочи Ковачевски, дека постојат предизвици, особено и внатре во организацијата, како и во врска со Русија и Белорусија и, нагласи дека, се во во постојана комуникација се со цел да ги придвижиме процесите кон мирна Европа. 

Ние претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безб

- Но, да имаме мирна Европа тогаш првата работа која што ни е потребна е да сопре војната во Украина и Украина да го сочува својот територијален интегритет и да ги исполни своите цели и целите на луѓето на демократска Украина да имаат суверена држава како што и се и ќе продолжиме до крајот на нашето претседателство да бидеме држава која што ќе ги земе предвид сите важни мислења, сите важни ставови и ќе организира успешен самит до крајот на годината, изјави Ковачевски, јави специјалниот известувач на МИА од Гранада.

Ковачевски, без да изнесува детали, меѓу другото, посочи дека сме во подготовки за Министерскиот совет, што ќе се одржи во декември во Скопје во главниот град на Северна Македонија. 

Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вчера изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Османи вели дека едно од решенијата е Северна Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме.  

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Ова е најтешката година од историјата на ОБСЕ. Точно е дека ОБСЕ е пред егзистенцијални предизвици, нема буџет, нема претседавач, нема кому да му го предадам претседавањето идната година во 2024 година. Тоа првпат се случува во историјата, бидејќи Русија стави вето на Естонија и мандатот на четворицата извршни лидери на ОБСЕ им истекува. Треба консензус за продолжување. Јас сум во постојана комуникација. Се слушнав и со Лавров пред неколку недели, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“. 

Османи нагласи дека министерскиот совет на 30 ноември - 1 декември ќе биде историски затоа што, како што рече „или таму ќе ги изгасиме светлата или таму ќе обезбедиме иднина на организацијата“.

-Имам понудено креативни решенија за сите три. Сега провејува веќе консензусот...најголемиот дел од консензусот е дека Северна Македонија треба да продолжи уште една година. Дали ќе има консензус за тоа не можам да кажам. Ние сега треба да ја донесеме одлуката дали ќе прифатиме, изјави Османи.