Ковачевски: Опозицијата не поддржа ништо, изговори од трето одделение не помагаат
Опозицијата слободно може да ги достави своите предлози до Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда и таму ќе се разговара, изјави денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето во врска со предлогот на универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски за менување на актуелниот државен грб.
- Опозицијата не го поддржа нашето членство во НАТО, така што ќе станеме членка на ЕУ и јас се надевам дека опозицијата еднаш нешто ќе поддржи. Опозицијата не го поддржа ни договорот ФРОНТЕКС за кој што утре почнува имплементацијата каде што за прв пат имаме македонски јазик со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 27 членки на ЕУ, никогаш не било тоа досега. Опозицијата ни тоа не го поддржа, кажаа дека биле на пауза во Собрание, тие не слушнале кога ѕвони ѕвончето, така што такви изговори од трето одделение не поминуваат, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот додаде дека договорот има легитимитет бидејќи го изгласало Собранието и го усвоила ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина