Ковачевски – Лахдевирта: Значајна е обединетоста на НАТО и ЕУ, потребна е евроинтеграција на Северна Македонија
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со Кимо Лахдевирта, нерезидентен амбасадор на Република Финска за земјава.
На состанокот е разговарано за војната во Украина, безбедносната ситуација во Европа, како и за можностите за унапредување на добрата билатерална соработка помеѓу двете држави, соопшти владината прес-служба.
Оценета е како значајна обединетоста на државите – членки на НАТО и на Европската Унија, во позициите за руската агресија врз Украина.
Исто така, констатирано е дека исчекорот на Република Северна Македонија во европските перспективи е важен за нашата држава, но и како охрабрување за целиот регион, а и како придонес во стабилноста и безбедноста на Европа.
Претседателот на Владата, Ковачевски, се заблагодари за поддршката од Финска за европската интеграција на нашата држава и нагласи дека Северна Македонија продолжува активно да споделува исти вредности со земјите – членки на НАТО и на ЕУ.
– Како Влада и како држава, поставени сме целосно на линија на политиките на НАТО и на Европската Унија и во поглед на ситуацијата во Украина. Имаме голема усогласеност на законодавството со легислативата на ЕУ, а развиваме и добрососедски односи во духот на европските вредности. Постои добра енергија во односите со Република Бугарија и на тој начин работиме кон решенија на отворените прашања. Денес јасно е и во Брисел дека евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија е важен и за регионот и за ЕУ, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е потврдена меѓусебната поддршка на двете земји за прашања од полза на граѓаните, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
