Ковачевски ќе го пречека Столтенберг, тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција
Премиерот Димитар Ковачевски денеска попладне ќе го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО.
Како што информираат утрово од владината прес - служба, според агендата генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот ќе одржи тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.
Столтенберг, кој е во дводневна посета на Скопје во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132. седница, по што ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.
Утре во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија - премиерот Еди Рама, Република Хрватска - претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора - премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија - премиерот Роберт Голоб.
Турнејата низ регионот Столтенберг ја започне од Босна и Херцеговина во неделата, по што замина во посета на Косово. Од вчера Столтенберг престојува во Србија, од каде денеска попалдне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.
Од МВР информираат дека поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации денеска ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото градско подрачје во Скопје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси