Ковачевски: Идеалите на визионерот Гоце Делчев се аманет и патоказ за единство, разбирање и напредок
Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, денеска оддадовме почит пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година на денешниот датум, 4 февруари, објави на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација на одбележувањето на денот на раѓањето на великанот Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
- Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки. Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави, наведува Ковачевски во објавата.
Како што соопштија од владината прес-служба, владината делегација, предводена од премиертот Ковачевски, во чиј состав беа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, положи цвеќе и оддаде почит на истакнатиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност..

Потоа следуваше положувањето цвеќе и оддавањето почит кон големиот револуционер, Гоце Делчев, од претставници на државниот врв и од делегациите кои денеска присуствуваа на одбележувањето на денот на неговото раѓање, меѓу кои и шефот на државата Стево Пендаровски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Генералштабот и на Министерството за одбрана. Меѓу делегациите кои положија цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев, беа и претставници од Сојузот на борци од НОАВМ, потпретседателите Наум Буревски, Елена Јованова Грујовска и Јоцко Димитриевски и делегации на политички партии.

Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки