Ковачевски – Филипиду: Продолжува јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Северна Македонија и Грција
Во услови на енергетска криза Северна Македонија и Грција имаат особен интерес за стратешки инвестиции во енергетиката, вклучително и зелената енергија, оценија на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и новоименуваната грчка амбасадорка на во земјава, Софија Филипиду.
Како што информира владината Прес-служба, премиерот Ковачевски и посака топло добредојде на амбасадорката и и посака успешно извршување на должностите, со што се очекува продлабочување на билатералните односи, особено во делот на економската соработка и енергетиката.
Заемно е истакнато значењето на Преспанскиот договор, кој, како што нагласија соговорниците на средбата, отвори нова страница во билатералните односи меѓу двете држави, при што е нагласен интересот и посветеноста на двете страни за негова целосна имплементација, што уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските и партнерските врски меѓу Северна Македонија и Грција.
На средбата заеднички е оценето дека за негување на успешни економски врски помеѓу двете држави особено значајно е инвестирањето во патната инфраструктура, односно Коридорот 10.
Премиерот ја искористи приликата преку амбасадорката Филипиду да упати особена благодарност до неговиот грчки колега премиерот Кирјакос Мицотакис, за огромната поддршка што Грција континуирано ѝ ја дава на земјава во нејзиниот евроинтеграциски процес.
На средбата обострано е констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во повеќе други области од значење за граѓаните.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“