-->
-->
Ковачевски: Ефикасните и одржливи политики на СДСМ значат подобра сегашност и иднина
-->
Државничките, ефикасни одржливи политики на СДСМ значат подобра сегашност и иднина, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.
-Успешно се справуваме со енергетската криза! Нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа! Сериозно го одржавме, и најважно од се, го зголемивме домашното производство на електрична енергија. Нашите граѓани во континуитет добиваат најниска цена за нафтените деривати, рече Ковачевски.
Особено сум горд што конечно, по децении стоење во место, не само што ја започнавме, туку интензивно, секојдневно и динамично ја остваруваме енергетската трансформација на државата, додаде Ковачевски.
-Во услови на глобална и тотална криза, како вистински социјалдемократи, како чесни и вистински патриоти за својот народ, ние успеавме рекордно да ја зголемиме минималната плата! Денеска можеме гордо да констатираме дека го исполнивме и го надминавме нашето изборно ветување за висината на просечната плата. Рекордно, двапати оваа година, ги зголемивме пензиите на сите пензионери и дополнително финансиски ги помогнавме во нивните енергетски и животни потреби. Во една календарска година, вкупното зголемување на пензиите ќе биде 16%, што досега се нема случено. И тоа во година која не е изборна. Инвестициите во домашната економија од реномираните странски компании се зголемија, и за само 10 месеци се отворија нови, подобро платени, над 2000 работни места, рече Ковачевски.
Особено сум горд што успеавме, конечно, после толку години, по 17 години, да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија, потенцираше претседателот на СДСМ.
-Направивме голем успех за државата! Ако претходно успеавме со полноправното членство во НАТО, ние, СДСМ со поддршка на граѓаните, до крај ќе го истераме нашето полноправно членство во Европската Унија! Бидете убедени во тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Скопје, во обраќањето на големата национална трибина „Силно и одлучно кон иднината“.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
