Ковачев: Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега?
Откако пред извесно време изјави дека „АСНОМ е еден од темелите на антибугаризмот во Македонија“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев (кој е од партијата на премиерот Борисов) сега му пречи и 11 Октомври. Според Ковачев, прославата на Денот на востанието била „антибугарска провокација“.
Веднаш откако премиерот Зоран Заев беше во Куманово на прославата на Денот на востанието и таму одржа кус говор, Ковачев на Фејсбук напиша:
„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србоман убива Бугарин, татко на три деца и роднина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, ги повтори на ист начин европратеникот своите тези за бугарското потекло на македонскиот народ.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност