Ковач: Ме изненади повикот од Монако
Како што беше најавено пред неколку дена, Нико Ковач го пронајде својот прв ангажман откако ја напушти клупата на Баерн Минхен, и го презеде тимот на Монако.
Ковач денес беше официјално претставен во Кнежеството, а прес-конференцијата траеше повеќе од еден час.
– Повикот ме изненади, сè се случи брзо и затоа зборувам англиски. Причината е едноставна – Монако е одличен клуб со голема традиција. Последните години не беа толку успешни, а нашата цел е да го вратиме клубот на врвот на лигата, рече Ковач во воведот, а тој зборуваше и за првиот контакт со играчите.
Ковач ја заврши својата прва тренинг сесија со фудбалерите на Монако вчера.
– Првиот контакт беше многу, многу добар. Првиот тренинг беше многу интензивен, а вчера и денес завршивме одлична работа. Ќе потрае време, имаме пет недели да се подобриме и сигурен сум дека ќе ги најдеме вистинските решенија за подобрување на тимот, рече хрватскиот стручњак.
Новинарите беа заинтересирани и за тоа дали Ковач се слушнал со Даниел Субашиќ, долгогодишен чувар на мрежата на Монако.
– Го познавам Суба, тој играше таму околу седум години и заврши одлична работа. Мислам дека започна во втората лига и веднаш во првата сезона тие обезбедија промоција. Не сме се чуле, мислам дека е во Хрватска и тој се подготвува за нова работа. Ќему се јавам, но прво на Дадо Пршо, со кого играв, тој е одличен човек и живее во близина на Монако, рече, меѓу другото, Ковач.
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
