Котевски: Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата за која мислат дека им обезбедува попросперитетна иднина
Денес Македонија докажа дека е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ им честита на граѓаните и го поздравува нивниот избор, истакна на првата прес-конференција по завршувањето на изборите директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски.
-Граѓаните мирно и достоинствено масовно излегоа да гласаат и покажаа дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која СДСМ ја втурна земјата.. За иднината на Република Македонија важно е дека изборите поминаа во мирна, фер и демократската атмосфера, без никакви сериозни инциденти. Граѓаните добија можност и го искористија своето право демократски и без притисоци да ја искажат својата волја и да ја закоружат опција што мислат дека е најдобра за нив и нивните најблиски. Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата за која мислат дека им обезбедува попросперитетна иднина, посочи Котевски.
Тој додаде дека граѓаните имале добра можност да се запознаат со понудата на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите учесници и да одлучат што е најдобро за нив.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ