Македонија
20. March 2019 - 14:54

Котевски: Гарантираме дека нема да го ликвидираат Груевски во Шутка

Aпсолутно ќе беше безбеден Никола Груевски, бегалецот од правдата. Ако дојде и ако овде треба да одлежува затворска казна, гарантираме дека нема да има негова ликвидација, вели Ѓоко Котевски, директор на Истражниот затвор во Шутка во интервју за порталот  МКД.

– И од кого би бил ликвидиран? Еве овде беше и Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, кој издржуваше затворска казна, и ништо не му се случи – вели Котевски.