Костовски: Рашковски има кривична одговорност за кршење на законот

Драги Рашковски има кривична одговорност за кршење на законот и незаконско именување на функционери.
Тој изјави дека колективно се носеле одлуките. Тоа значи признавање и неуспешен обид за отргнување на вината.
Во периодот на назначување на Драги Рашковски на функција па се до денот на распишување на локалните избори во неколку наврати организирал именување на ВД директори, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, и лица кои не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа е потребно. Рашковски до владината седница доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми.
Именуваните ВД директори кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по нивното назначувањето и таа била заверувана од страна на архива на владата пост фестум. Со што се вршело кривично дело. Лицата именувани на ваков начин законски се нелегитимни, а лицата кои го дозволиле сето ова мора да сносат кривична одговорност, за свесно креираниот правен хаос.
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе кривична пријава против Драги Рашковски, кој од позиција на Генерален секретар на владата, ја злоупотребил службената положба и овластување, при што сторил кривично дело според чл. 353 од Кривичниот Законик.
Почитувани,
Граѓаните во овие 100 дена видоа дека Заев под превезот реформи и живот, мислел на реформи и живот за тесното раководство на СДС и луѓето блиски до нив.
На ароганцијата и политичкото самоволие на Рашковски и Заев ќе дојде крај и никој нема да биде над законите.
СДС и Рашковски треба да знаат дека за секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и санкционирано.
Ново на Сител
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
-

ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција
-

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради ризик од зголемен обем за влез и транзитирање на мигранти на Комисијата за одбрана
-

Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“
-

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет
